(ВИДЕО) Попова: Четириесет дена по почетокот на учебната година се уште нема учебници за учениците

Од:

Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ го уништува образованието и создава вистински хаос во образовниот процес, бидејќи, како што кажа, четириесет дена по почетокот на учебната година се уште нема учебници за учениците во поголем број на основни училишта низ државата.

– Неодговорната влада на СДС ги остави основците без учебници. Недостасуваат 2.674 учебници во основните училишта во општина Карпош, 6.446 во Аеродром, 10.203 во Прилеп, 4.067 во Гевгелија, 3.489 во Гостивар, 5.880 во Кисела Вода, 1.044 во Маврово и Ростуше, 150 во Василево, 160 во Новаци, 485 во Кочани, недостасуваат учебници во скоро сите општини низ државата. И додека владата одвојува десетици илјади евра за набавка на алкохоли, морски плодови и апетисани за министерствата и органите на државната управа, не може да одвои минимални средства за печатење на учебниците кои се средство за учење на нашите деца. Образованието е во огромен хаос, поради неодговорноста на владата на СДС. СДС го девалвира образованието и за 4 месеци колку се на власт стопираа голем број на проекти и скратија 1.5 милијарди денари од буџетот наменет за образование, рече Попова.

Таа додаде дека СДСМ во во текот на кампањата за парламентарните избори ветувале подобри услови во образованието и подобрување на образовниот процес, сега се гледало дека нема ни основи средства за учење низ училиштата.

– Тоа е ефектот од владеењето на СДС. СДС ветуваше многу за образованието, а не направи ништо. Се што направи СДС за македонското образование е кратење, стагнирање и блокирање. Македонското образование е последното на листа приоритети на оваа расипничка, неодговорна и неграѓанска влада. Младите, нивниот правилен раст и развој се небитни за СДС. Единствено нешто што им е важно на СДС и врхушката на власта е како да ги наполнат своите и сметките на своите фирми. Оваа неодговорна влада на СДС си поигрува со иднината на нашите деца. Граѓаните ќе го казнат СДС за сета неодговорност на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Попова.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица