Двата болида на Мерцедес беа најбрзи на денешните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Јапонија.
Луис Хамилтон имаше најдобро време 1:27.319 минути, додека втор резултат постигна Валтери Ботас, но поради менувањето на менувачот ќе стартува пет места поназад во „стартниот грид“.
Трето време оствари Себастијан Фетел од Ферари, а зад него се пласира Даниел Рикардо од Ред Бул., Макс Верстапен (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари).
Во генералниот пласман води Хамилтон со 281 бод, пред Фетел со 247, а трет е Ботас со 222.