Снег во делови на Србија и БиХ

Од:

Во повисоките предели на делови од Србија и Босна и Херцеговина од ноќеска паѓа снег, кој предизвикува проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти јавното претпријатија „Патишта на Србија“, снег паѓа во повеќе делови во западна Србија, а поради снежната покривка на коловозот во прекин е сообраќајот на патниот правец Ивањица – Преко Брдо.

Снег во текот на ноќта и претпладнево паѓа на планините Златар, Златибор, Јадовник, Јавор, Муртеница и Чемерница во западниот и југозападниот дел на Србија.

Врнежи од снег се регистрирани и долж течението на реката Лим, на местата од над 400 метри надморска висина, како и во градот Нова Варош.

Снег паѓа и на повисоките планински предели во средна и источна Босна и Херцеговина, поради што властите препорачуваат внимателни возење на патните правци во овие региони.

На планината Јахорина е формирана снежна покривка во висина од 20 сантиметри, а во градот Калиновик од пет сантиметри.

Во останатите делови на Балканот преовладува претежно дождливо време.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград