ВМРО-НП Охрид: Владата да го преиспита работењето на Виктор Мизо

Од:

Општинскиот Комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид бара од Владата на Република Македонија да го преиспита работењето на поранешниот пулен на ДПМНЕ и директор на ТИРЗ зоните, Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кој ги има потпишано именуваниот.

„Мизо како директор на ТИРЗ ја има продадено технолошката линија за производство на трансформатори на бугарски инвеститор, но производствената хала која е специјално направена за таа намена ја изнајмува на друга компанија, во која сега по заслуги истиот е директор. Со овај чин Мизо направи непоправлива штета, па така наместо отпочнување со работа на ЕМО – Трансформатори, каде беа планирани над 100 работни места, инвеститорот е принуден, заради неможност да почне со работа, да се иселува и целиот бизнис да го префрли во соседна Бугарија.

Намерите на инвеститорот беа заедно со германска фирма гигант во областа на производство на трансформатори да ја рестартираат оваа фабрика и на годишно ниво да се произведуваат 10 000 трансформатори, што секако ќе придонесеше за развојот на Охрид и Македонија.

Напорите на актуелната власт да се најде решение останаа без успех заради договорите кој ги има потпишано овај „гробар“ на ЕМО.

Господине Мизо, можеби актуелната власт ке ве подзаборави меѓутоа охриѓани, ЕМО, „емовци“, а особено ВМРО НП од Охрид никогаш нема да заборават и новата ера секако не може да започне со вакви кадри“ се вели во соопштението на ВМРО-НП Охрид.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице