На улиците на шкотската престолнина Единбург крајот на старата и почетокот на новата година, односно тамошниот традиционален пагански празник Хогманеј, ќе биде одбележан со спектакуларна парада на викинзи со запалени факели, опремени со оклопи и штитови специјално донесени за оваа намена од Шетланд.
Се очекува дека на парадата ќе им се приклучат и околу 7.000 граѓани. Парадата ќе се одвива со звуци на барабани и кавали, а ќе заврши со огномет на Калтон Хил.
Иако Шкотланѓаните ги бие глас дека се скржави, за овогодинешната прослава за Нова година на улиците и плоштадите, не се штедело, туку за оваа намена биле издвоени 30 милиони фунти (36 милиони евра).
Се очекува дека на разноврсните спектакли, забавни програми и концерти (Шкотите ќе ги забавуваат дури 14 оркестри и музички групи, меѓу кои најпознати се: Simpl Majnds, Blejzin Fidlz i Red hot Čili Peperz.
Ќe присуствуваат повеќе од 80.000 луѓе, од кои повеќето ќе допатуваат специјално за таа пригода во престолнината од другите делови на земјата.
Метереолошките прогнози велат дека дури ни времето нема да го расипе уживањето, бидејќи се очекува дека новогодишната ноќ ќе биде “релативно благо и пријатно.”
Богатата програма ќе трае од 31 во 2 часот попладне до еден часот по полноќ на први јануари.