Брестовац направи поширока селекција

Од:

Селекторот на македонската кадетската репрезентација Данило Брестовац, објави широк список од 46 млади ракометари од генерацијата 2000 и помали, чиј развој и напредок детално ќе се следи во наредниот период, како подготовка за Светското кадетско првенство што во 2019 година ќе се игра во нашата земја.

Дел од 46-те ракометари ќе бидат дополнително повикани за првиот собир на репрезентацијата кој е закажан за 22 октомври во Скопје, а од тие ракометари по неколкудневните тренинзи во салата „Автокоманда“ ќе биде избран кадетскиот состав на Македонија кој ќе настапи на меѓународниот турнир во Плок, Полска, во периодот од 26 до 29 октомври 2017 година.

Оваа поширока селекција е дел од долгорочната подготовка на кадетската репрезентација за настапот на Светското првенство во 2019 година, чиј домаќин ќе биде Скопје.

– Тренерскиот стручен тим и натаму детално ќе го следи развојот и напредокот на сите овие млади играчи низ редовните настапи за своите клубови, со цел што подобро да ја подготви репрезентацијата за големиот настан, информираа од РФМ.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ