Русија ракетираше позиции на ИД во Сирија

Од:

Руски подморници денеска лансираа десет крстосувачки ракети врз позициите на Исламска држава во близина на сирискиот град Мајадин, соопшти руски Министерството за одбрана.

Портпаролот на Министерството Игор Конашенков изјави дека ракетите „Калибар“ се истрелани од подморниците „Велики Новгород“ и „Колпино“, кои се стационирани во Средоземно море.

Во нападот, како поддршка на сириската армија во провинцијата Деир аз Зур, убиени се борци на Исламска држава, чиј број не се знае, и уништени се големи складишта за муниција и командни станици.

Сириските војски, со помош на руската авијација напредуваат кон Мајадин, кој е едно од последните главни упоришта на ИД во Сирија.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија