Шпанскиот премиер Мариано Рахој денеска го повика каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон да се откаже од плановите за еднострано прогласување на независност на Каталонија, со цел да се „избегне поголемо зло“.
Рајох нагласи, дека за решавање на кризата во Каталонија потребно е враќање на „легалните текови“.
– Колку што е можно побрзо треба да изјават дека нема еднострано да прогласат незавиност, со цел да се избегне поголемо зло, наведе Рахој, не посочувајќи на што конкретно мисли.