Бајрам: Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиска

Од:

Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиски донесена и монтирана. Го обвинува градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам и шест луѓе дека предизвикал општа тепачка, а тоа е обид за убиство со секири и шипки, обвини денеска Амди Бајрам од Сојузот на Ромите на прес-конференција по повод извештајот на МВР за случајот во Шуто Оризари.

– Барав демократски и фер избори. Министерот вети дека нема да се гледа страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе ги нападнал. Не добро извршена истрага и монтиран случај. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и според мене, целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и шипки, изјави Амди Бајрам.

Обини дека вчера на митинг на СДСМ во Шуто Оризари истите луѓе што го нападнале со шипки и секири Елвис Бајрам стојат зад Зоран Заев, Петре Шилегов, Курто Дудуш и Самка Ибраимовски и ги обезбедуваат.

Посочи дека верува во Јавното обвинителство и дека ќе си ја спроведе својата работа и ќе почне од почеток да го испитува случајот.

Прашан за состојбата на неговиот син, Амди Бајрам рече дека не е добра, левото око му е отечено и затворено, како и дека е свесен и може да зборува, но има отоци и болка.

– За оваа работа ќе барам оставка од министерот во Собрание, рече Бајрам.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски