Целата постапка за случајот Монструм за кој јавното обвинителство побара укинување на пресудата и враќање на почеток е аудио и визуелно снимана, изјави судијата Владимир Туфегџиќ на конференција за конфискација на имот.
Тој рече дека на 2 мај била отворена истрага во Одделот за организиран криминал. Туфекџиќ рече дека двете обвинителства, редовното и СЈО мора да соработуваат за случајот, за да се отстранат сите шпекулации за овој случај, посебно по информациите дека во дел од бомбите има содржини кои се однесуваат на овој случај.