Нигер: Убиени тројца американски специјалци, двајца повредени

Од:

Тројца американски специјалци загинаа, а двајца се повредени во заседа во Нигер, oбјави „Њујорк тајмс“, кој се повикува на високи претставници на вооружените сили на САД.

Претходно, Африканската команда на американската армија (Африком) потврди дека заедничка патрола на САД и Нигер била нападната во југозападниот дел на Нигер. Сепак, нивниот портпарол не ги коментираше информациите за неколкумина мртви американски војници.

Локалните власти објавија дека во нападот загинале петмина нигериски војници.

Африканските безбедносни сили, поддржани од западните сили, ги засилија нивните напори во борбата против џихадистичките групи, кои се се поактивни во сиромашниот и ретко населен регион Сахел. Одговорност за некои од нападите презеде релативно новата екстремистичка група наречена „Исламска држава во Големата Сахара“.

Според експертите, секоја потврда за можната улога на Исламска држава во нападот во Нигер ќе доведе до стратешко пренасочување од Либија до Сахел – предел, јужно од пустината Сахара кој се протега од Сенегал до Чад. Во овој регион се распоредени стотици американски војници, кои ја обучуваат и и помагаат на војската на Нигер во активности како што се собирање разузнавачки информации.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“