Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, нагласи дека поддршката на САД за екстремистичката организација Исламска држава (ИД), е главната препрека за уништување на организацијата.
– Поддршката на колегите од САД за тероризмот и нивното ласкање, претставуваат главна препрека за елиминирање на ИД, наведе Конашенков.
– Успехот на сириската војска, со поддршка на руското воено воздухопловство, како и брзото ослободување на реката Еуфрат од ИД, се спротивставуваат на плановите на САД, тврди портпаролот на руското Министерство за одбрана.