Политички консултации помеѓу МНР на Србија и Македонија во Белград

Од:

Билатерални политички консултации помеѓу Министерството за надворешни работи на Србија и Министерството за надворешни работи на Македонија се одржаа денеска во Белград, соопштија од српското МНР.

Од српската страна консултациите ги водеше државниот секретар Немања Стевановиќ, а од македонска страна – државниот секретар Виктор Димовски.

Консултациите беа можност да се разгледа моменталната состојба на севкупните билатерални односи меѓу Србија и Македонија, како и да се идентификуваат можностите и насоките за натамошен развој со акцент на економска соработка.

Во разговорите е изразена заемна подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка во сите области од заеднички интерес, пред се во областа на економијата, транспортот, инфраструктурата и туризмот.

За време на консултациите двете страни разменија мислења и за најважните регионални и меѓународни теми.

Беше договорено следните билатерални консултации да се одржат напролет 2018 година во Скопје, соопштуваат од српското МНР.

Како што е веќе најавено, во ноември се очекува официјална посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Белград.

Би можело да ве интересира

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата