ФСБ: По поразите во Сирија и во Ирак ИД се групира во Авганистан

Од:

Исламската Држава е активна во Авганистан и ја користи оваа држава да планира напади врз Русија, обвини денеска директорот на руската безбедносна служба ФСБ Александар Бортников при отворањето на состанок на директори на безбедносни служби во Краснодар.

Бортников истакна дека преселбата на џихадистите на ИД во Авганистан доаѓа по поразите кои оваа група ги претрпе на Блискиот Исток, во Сирија и Ирак. Од Авганистан, џихадистите можат да се инфилтрираат во држави во Централна Азија, Иран, Кина и Индија, како и во Русија.

– Тие се фокусираат на нестабилни региони со цел да потпалат нови конфликти, изјави Бортников.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио