Каратистите на „Макпетрол“ , заминуваат за Салцбург, Австрија каде што следниов викенд ќе земат учество на силниот турнир од Светската 1 премиер карате лига, А-серија.
Ова е претпоследниот турнир во организација на ВКФ, (Светската карате федерација), за оваа година. Последниот турнир од А серија, од Светската карате лига, ќе се одржи во Јапонија на Окинава.
Макпетрол во Салцбург ќе настапи со пет каратисти-ки:
1. Сара Радичевска, категорија -50 кг,пријавени се 65 спортистки
2. Симона Заборска, категорија -55 кг, пријавени се 97 спортистки
3. Наташа Стефановска, категорија -61 кг, пријавени се 107 спортистки
4. Моника Стефановска, категорија -68 кг, пријавени се 76 спортистки
5. Петар Заборски, категорија -75 кг, пријавени се 170 спортисти.
На турнирот се пријавени 1.418 натпреварувачи од 86 држави во светот.