Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон вечерва во 21 часот ќе и се обрати на јавноста, соопшти претставник на регионалната влада.
Пучдемон доцна синоќа во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека шпанската автономна област за неколку денови ќе прогласи независност.
Во Каталонија во неделата се одржа референдум, на кој над 90 отсто од гласачите се изјасниле дека се за отцепување од Шпанија.