Шпански национален суд соопшти дека поведува истрага за „поттикнување на бунт“, за две лица на високи позиции во каталонската полиција и двајца лидери на прокаталонски групи за независност .
Судот соопшти денеска дека четворицата ќе дадат искази в петок за нивната улога во демонстрациите на 21 и 22 септември во Барселона кога шпанската полиција уапси неколку лица од каталонските власти и упадна во канцеларии во обид да спречи одржување на референдумот за независност.
Меѓу четворицата е шефот на регионалната полиција (Мосос) Жозеп Луис Траперо.