Четворица полесно повредени во шест сообраќајки во Скопје

Од:

Четири лица се полесно повредени во три од вкупно шест сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција откри и санкционира поголем број прекршоци, меѓу кои седум возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи кои не ги почитувале правилата за престигнување, како и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 56 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 49 возила.

По повод одбележувањето на „Недела на детето“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот, со децата од средна и голема група во детската градинка „11 Октомври“, објект „Бутел 2“ која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ