Фејсбук, Гугл и Твитер дозволиле статија со лажна содржина за извршителот на масовното убиство во Лас Вегас во неделата навечер.
Статијата била објавена првично на социјалната мрежа 4chan во која се главно се приврзаници на американската десница, наречена Алт-рајт (Alt-Right).
Во написот бил именуван убиецот, но името било поинакво од Стивен Падок – вистинскиот извршител на нападот во кој беа убиени 59 луѓе и ранети над 500. Во статијата се тврдело и дека тој е симпатизер на деморкатите, но тоа се однесувало на погрешно посочениот убиец.
Откако американски медиуми забележале дека статијата на 4chan е поставена во пребарувачи, Фејсбук, Твитер и Гугл ја избришале.
– Таа статија не требало да се појавува никаде како резултат во пребарувачи и ние ќе направиме ново подобрувања за да не дозволиме такви работи во иднина, наведува Гугл во писмо до медиуми.