Претседателот на САД, Доналд Трамп во придружба на неговата сопруга Меланија, денеска се сретна со преживеаните од ураганот Марија, кој неодамна ја опустоши островската држава Порторико.
Посетата на Трамп на Порторико уследи по критиките дека бавно реагирал на катастрофата.
Претседателот и првата дама го посетија округот Гуајнабо, каде разговараа со локалните жители.
Во поголем дел од Порторико, две недели по ураганот нема храна, електрична енергија и вода за пиење.
Трамп пред посетата на Порторико спореше со локалните претставници за брзината со која пристигнувала помошта. Тој ги нарече Порториканците неблагодарници кои сакаат некој друг наместо нив да ги заврши работите.
На патот по кој поминуваше претседателскиот конвој имаше знак на кој на шпански јазик пишуваше „лошо момче“, а неколку десетици демонстранти протестираа во Сан Хуан поради посетата на Трамп.