Владата усвои информација со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата

Од:

Министрите во Владата на денешната седница ја разгледаа и усвоија информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2016 година, се наведува во соопштението на Владата.

Владата ги задолжи МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање и Министерството за информатичко општество и администрација, во рок од седум дена до Министерството за правда да достават номинации за членови на Работната група за преглед и ажурирање на Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на анти-корупциска политика.

Во соопштението се додава дека тоа е во согласност препораките на Европската комисија, која врз основа на оваа статистика ќе се стекне со сознанија за справувањето со корупцијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези