Министерствата на мини скрининг за обнова на препораката за преговори со ЕУ

Од:

Владата на Република Македонија на денешната 30-та седница, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, им препорача на сите министерства до крајот на оваа недела да извршат ажурирање на нивните обврски и динамика на исполнување на активностите предвидени во Планот 3-6-9 кои, треба да бидат реализирани во периодот од 6 месеци од почеткот на овој реформски процес за исполнување на обврските и критериумите за придвижување на евро-атлантските процеси.

На денешната седница, министрите во владата беа информирани дека во текот на денешниот ден, од страна на Секретаријатот за европски прашања ќе добијат писмо со препораки за постапување во однос на мини прашалникот за секое министерство, кое треба да послужи како информативен материјал во формирањето на најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во процесот за остварување на целта – враќање на препораката за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

Овој мини скрининг за работата на владата, кој треба да биде завршен до 17 октомври, како што беше кажано на денешната седница, доаѓа како одговор на поволните оценки за работењето на Владата на РМ, особено во делот на политиките Република Македонија во ЕУ интегративните процеси.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени