Мадрид ги обвини каталонските власти дека поттикнуваат бунт

Од:

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо ги обвини регионалните власти на Каталонија дека поттикнуваат бунт против Шпанија.

– Гледаме како властите на Каталонија ги туркаат своите луѓе кон пропаст и поттикнуваат бунт на улиците, изјави Зоидо.

Владата во Шпанија е соочена со повици да го активира членот 155 од шпанскиот Устав, кој предвидува воведување на директна контрола врз регионите од страна на централната власт, доколку се процени дека интересите на земјата се загрозени од однесувањето на регионалните власти. Шпанската Влада се уште не го презема овој чекор.

Во судирите завчера во Каталонија, при одржувањето на референдумот за независност, беа повредени околу 900 лица. Шпанската полиција се обиде да го спречи одржувањето на референдумот, но и покрај тоа повеќе од 40 проценти од граѓаните гласаа, при што огромно мнозинство се изјаснија за независност.

Полициските станици и хотелите во Каталонија каде се сместени шпанските полицајци од вчера се цел на масовни протести на граѓани кои бараат повлекување на шпанската полиција.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата