Претседателот на САД Доналд Трамп оцени дека напаѓачот од Лас Вегас, Стивен Педок, е „ментално болен човек“.
– Тој е човек со нарушено ментално здравје. Станува збор за многу, многу болна личност, нагласи Трамп.
Претседателот на САД синоќа во дворот на Белата куќа и оддаде почит на жртвите од Лас Вегас со едноминутно молчење.
Во вчерашниот масакр во Лас Вегас загинаа 59 лица, а 515 беа повредени.