Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Приштина не поднела барање за прием на Косово во УНЕСКО, бидејќи не се сигурни дека имаат доволно поддршка.
– Тие тоа го толкуваат дека можат да поднесат барање на самата генерална конференција, бидејќи минатиот пат нивното барање го мина Извршниот совет. Тоа е папазјанија. Ајде, нека пробаат. Јас никого не провоцирам, изјави Дачиќ за РТС.
Тој оцени дека оние држави кои ја признале „еднострано прогласената независност на Косово“, посакувале слаба Србија на Балканот.
– Тоа нема да им успее, вели Дачиќ.