Рахој сака соработка со други партии поради Каталонија

Од:

Шпанската Влада соопшти дека е посветена на изнаоѓање на заеднички одговор со други политички партии на „предизвикот независност“ на Каталонија откако покраината одржа забранет референдум за отцепување од Шпанија.

На средбите со лидерот на социјалистите и на партијата Сиудаданос (Граѓани) шпанскиот премиер Маријано Рахој изрази подготвеност да ги разгледа предлозите од другите партии за одговор на каталонското прашање.

Во владиното соопштение се посочува и дека Рахој во разговорите со европските лидери изразил благодарност за нивната поддршка на уставниот поредок на Шпанија

Каталонија претходно соопшти дека според прелиминарните резултати 90 проценти од гласовите на неделниот референдум биле за независност.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата