Протести во Каталонија против полициското насилство

Од:

Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците на Барселона и други градови во Каталонија во протести против полициското насилство при вчерашниот референдум за независност.

Каталонската полиција објави дека само во Барселона протестирале 15.000 луѓе, вклучително и многу студенти. Протестот се организирал на булеварот Рамблас, каде во средината на август беше извршен сериозен терористички напад. Демонстрантите протестираа веејќи знамиња на Каталонија и носејќи пароли за независност и против полициско насилство.

Околу 900 лица беа повредени вчера, при обидите на шпанската полиција да го спречи одржувањето на референдумот за независност и да ги разбие многубројните протести. Шпанската полиција користеше палки и гумени куршуми против гласачите и демонстрантите, а во повеќе случаи се соочи со каталонската полиција и пожарникарите.

Шпанија одбива да го признае референдумот како легитимен, додека каталонските регионални власти најавија дека по референдумот ќе прогласат независност и повикаа на меѓународно посредништво за да се спречат нови инциденти.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата