(ВИДЕО) Амди Бајрам: Син ми беше нападнат со секири и шипки

Од:

Пред четири пет дена се местеа изборни плакати, тие почнаа со инциденти. Се јавивме кај Оливер Спасовски, тој рече од двете страни кој и да згреши, нема да има привилегии за никој, објасни Амди Бајрам пред болницата „8 септември“ за тепачката помеѓу две групи во Шуто Оризари каде нападнат беше и неговиот син, Елвис Бајрам.

Градоначалникот оди од куќа на куќа и одеднаш му излегоа со секири, со шипки, го удриле. Ми кажаа дека шефот на кабинет е прво удрен, а потоа со шипки и секири е удрен мојот син, рече Амди Бајрам.

-Тие се позната фамилија, тие го држеа пазарот во Шутка со рекет и сила, тие се тргнати од таму и сега се со СДСМ, рече Бајрам.

Елвис Бајрам беше нападнат во Шуто Оризари по што е пренесен во Градската болница „8-ми септември“, каде што било интервенирано врз него со 7 конци на главата. Пред болницата „8 септември“ се насобрани поддржувачи на актуелниот градоначалник на Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Трагедија во Скопје: Почина бебе во Шуто Оризари

Прекршен молк: Низ Шуто Оризари вечерва еден од кандидатите со над 200 луѓе скандираат и агитираат

Предраг Петровиќ

ДИК разрешени избирачките одбори во две избирачки места во Шуто Оризари

Ѓорѓиевски: Во Шуто Оризари ќе се изгради нов Културен дом „Есма Реџепова“

Горан Наумовски