(ВИДЕО) Колариќ: Граѓаните беа замолчени и не им беше дозволено да го искажат својот став за населувањето мигранти

Од:

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека Заев треба да сноси одговорност за укинувањето на демократијата во Македониија и дека забраната на референдумите кои ги иницираа граѓаните била најбрутален облик на погазување на гласот на граѓаните.

– Граѓаните беа замолчени и не им беше дозволено да го искажат својот став за населувањето на мигранти во нивната околина. Граѓаните се засегнати економски и безбедносно. Тие стравуваат за својата егзистенција и за својата безбедност гледајќи какви напади се случуваат низ Европа. Ако направиме компарација со европските земји, можеме слободно да заклучиме дека на Заев воопшто не му се важни потребите и интересите на граѓаните.Франција, како деветта светска економска сила, која има 64 милиони жители, со 9% невработеност и со минимална плата од 1.750 евра, преговара на нејзина територија да прими само 30.000 мигранти што изнесува само 0,05% од нивното население. Во споредба со Македонија, со популација од 2 милиони жители, со 22.9% невработеност и со минимална плата од 200 евра, Заев ќе населува 150.000 мигранти што изнесува 7.5% од населението, рече Колариќ.

Таа додаде дека овие бројки кажуваат дека Заеф се нафатил Македонија да прими 150 пати повеќе мигранти од Франција која е светска економска сила.

– Населувањето на овој број на мигранти, кои ќе треба од државата да добијат сигурно работно место и но исто така и место за живеење, ќе остави несогледливи последици по населението во Македонија. Македонските граѓани за кои Заев не е заинтересиран ќе губат работни места за да се обезбеди работа за мигрантите. Заев, наместо да обезбеди полесен пристап за младите до сопствен дом, ќе гради станови кои ќе ги добиваат мигрантите, вели Колариќ.

Според неа, тука не станува збор за хуманост и солидарност, тука станува збор за принцип. Како што кажа таа,не може македонските граѓани да бидат маргинализирани за сметка на 150.000 мигранти кои се голема бројка дури и за една светска сила како Франција.

– На ВМРО-ДПМНЕ приоритет и се потребите на граѓаните кои живеат во Република Македонија. Откако граѓаните ќе живеат во благосостојба, тогаш без проблем ќе подадеме рака на секој оној кој што му е потребна нашата помош, рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески