(ВИДЕО) Тргачевски: Претседатели на општински изборни комисии се во првите редови на митинзите на СДСМ

Од:

Александар Тргачевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека во Македонија се случува грубо нарушување на изборниот процес и дека оние кои се задолжени да ги водат изборите, ДИК се партиски војници на СДСМ, бидејќи претседателите на неколку општински избори комисии биле во првите редови на партиски митинзи на СДСМ.

– Државната изборна комисија се прави нема на ваквите случаи, а обвинителството молчи. Пред само недела, претседателот на ОИК од Кратово беше во првите редови на конвенцијата за промоција на кандидатот за градоначалник на СДС од Кратово. ДИК не превзема ништо да ја санкционира ваквата активност. Недела дена подоцна претседателот на ОИК од Кисела Вода, Томо Мојсовски, на слики објавени во медиумите го гледаме како врши теренски активности за СДС во Кавадарци. Претседателите на ОИК се бираат од редот на службеници на државната администрација, под претпоставка дека ќе бидат независни и непристрасни во своите активности за време на изборниот процес, рече Тргачевски.

Тој додаде дека оттука постои и сомневање за начинот на распределбата, но и водењето на целокупниот процес бидејќи имало јасни докази дека се крши законот и дека се прави партиско агитирање од страна на членови на општинските избори комисии.

– ВМРО-ДПМНЕ ја повикува ДИК, веднаш, да ги санкционира сите овие случаи и да обезбеди барем минимум услови за нормален изборен процес. Имаме безаконие пред нашите очи. Претпладне организираат избори, попладне партиски агитираат за СДС. Ова е драконско мешање на партијата и државата и поништување на законите.Заев, Спасовски и Шекеринска имаат полна уста со заложби за фер избори, а на терен партијата ја окупира државата. Бараме реакција. Законите мора да почнат да важат во државата и да се применуваат дословно за сите, рече Тргачевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче