Европската комисија денеска ја потврди својата позиција дека референдумот за независност на Каталонија, што се одржа вчера во таа шпанска провинција, не е во согласност со Уставот на Шпанија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас, кој притоа одби да каже кој е одговорен за насилството во Шпанија, кога над 800 лица беа повреденк, па Схинас само повика на дијалог.
– Референдумот според шпанскиот устав не е легитимен” – рече портпаролот на Комисијата, додавајќи дека каталонското прашање е “внатрешна работа на Шпанија”.
– Меѓутоа, надвор од правните аспекти, Комисијата смета дека сега е време за единство и стабилност – додаде Маргаритис Схинас.
Според портпаролот на ЕК, Брисел “верува дека шпанскиот премиер Маријано Рахој ја контролира ситуацијата”.
Исто така, гласноговорникот на Еврокомисијата, најавуви дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, денес ќе се слушне телефонски со шпанскиот премиер.
Портпаролот Схинас, исто така порача дека Европската комисија очекува состојбата во Шпанија “да се префрли од конфликт на дијалог” и посочи дека “насилството не може да биде политички инструмент”.
Сепак, Еврокомисијата одбива да каже кој е одговорен за насилството што донесе најмалку 800 лица да бидат повредени во Шпанија.