Меркел: Државата треба да ја има контролата врз пазарите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека државата треба да ги следи пазарите, со цел да ги спречи непосакуваните дејствија кои доведоа до финансиска криза во 2008 година.

Во своето новогодишно обраќање, Меркел предупредува дека лекциите од уништувањето на пазарите пред пет години се уште не се целосно научени.

Според неа, потребни се повеќе меѓународни напори за да се држат пазарите под контрола и да не се дозволи „неодговорност“, која почна со хипотеките во САД.

Меркел истакнува дека е потребно трпение за да се реализираат реформите, договорени со цел да се запре должничката криза во Европа. Таа нагласи дека кризата во еврозоната не е сосема завршена, и покрај тоа што преземените мерки против неа почнуваат да даваат резултат.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија