Полицијата во Лас Вегас не верува дека има и други напаѓачи

Од:

Полицијата во Лас Вегас објави на Твитер дека „не верува дека има и други напаѓачи“ соучесници во денешниот напад во хотел во градот.

Претходно, тие соопштија дека е убиен еден осомничен напаѓач кој денеска уби најмалку две лица и рани 26 за време на музички фестивал во ресортот Мандалај беј во Лас Вегас.

Данита Коен, портпарол на Универзитетската болница во Лас Вегас, изјави дека најмалку 26 луѓе се ранети од кои 14 се наоѓаат во критична состојба.

Властите го затворија целиот реон околу хотелот и забранија дел од летовите од меѓународниот аеродром Меккаран.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија