Територијалната целовитост на Шпанија е во опасност по референдумот за независност на Каталонија, изјави лидерот на опозициската Шпанска социјалистичка работничка партија Педро Санчез.
Тој изјави дека партијата „поддржува територијална целовитост на државата, што денес е во опасност“. Според него, полициската бруталност против Каталонците „очигледно не може да биде одобрена од ниту еден демократ“.
Санчез го обвини и премиерот Маријано Рахој и каталонските сепаратисти дека ја почнале кризата бидејќи политиките им се пропаднати на најлош можен начин.