МТКФ го прослави јубилејот 50 години карате во Македонија

Од:

Македонската традиционална карате федерација со пригодна свеченост го одбележа големиот јубилеј 50 години карате во Република Македонија.

Со специјални награди и по една монографија беа одликувани 56 спортски и карате легенди, поддржувачи на карате спортот во РМ меѓу кои беа: премиерот на РМ Зоран Заев, директорот на АМС Дарко Каевски, амбасадорката на Јапонија во РМ Кеико Ханада-Амбасадорка, Владимир Јорга, Венцислав Недев, Дејан Недев, Шабан Трстена, Насе Насев, Васил Тупурковски и многу други.

На свеченоста беше промовиран и документарен филм за каратето во РМ и за Венцислав Недев-карате тренер на векот во РМ.

По поводот јубилејот во просториите на МОК од старана на претседателот Васил Тупурковски беше приреден прием на Владимир Јорга, Венцислав Недев и Дејан Недев, по повод јубилејот 50 години карате во РМ.

Тупурковски им го честиташе големиот јубилеј на македонските каратисти и им посака во иднина да продолжат да остваруваат високи резултати на меѓународните натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје