Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике меѓу првите ја поддржа одлуката за одржување референдум.
„Гласав. Заедно сме незапирливи во одбрана на демократијата“, порача Пике на Twitter.
Ja he votat. Junts som imparables defensant la democràcia. pic.twitter.com/mGXf7Qj1TM
— Gerard Piqué (@3gerardpique) October 1, 2017
Претходно фудбалерот на Барселона предизвика бран реакции во Шпанија, откако преку Твитер испрати порака со која повика на учество на референдумот за независност на Каталонија.
Des d'avui i fins diumenge, expressem-nos pacíficament. No els hi donem cap excusa. És el que volen. I cantem ben alt i ben fort. #Votarem
— Gerard Piqué (@3gerardpique) September 28, 2017