Специјалци од шпанската полиција почнаа да се распоредуваат на места во Барселона каде денеска почна гласањето на референдумот за независност, објави на својата веб страна шпанскиот весник Ел Паис.
На видеото поставено на страната на медиумот се гледаат специјалци со опрема како спречуваат со сила гласачи да влезат на изборни места во школи во Барселона.
Специјалци од националната полиција се рапсоредени откако каталонската Влада не ги затвори гласачките места во согласност со судска наредба, јавуваат западни медиуми.