Каталонците почнаа да гласаат на референдумот за независност

Од:

Каталонците почнаа да гласаат на референдумот за независност за кој шпанската влада тврди дека е неуставен и оти ќе се обиде да го спречи.

Пред изборните места има голем број полицајци, јави ДПА.

Каталонските власти планираат гласањето да се одвива на повеќе од 2.300 изборни места за околу 5,3 милиони евидентирани гласачи.

Тие се повикани да гласаат од 9 утрово до 8 навечер по локално време.

Шпанската Влада соопшти дека ќе бидат затворени со сила најголем дел од местата за изјаснување на референдумот и упадна во зградите каде се очекува да се одржи пребројуавње на гласачките ливчиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија