Руски воен брод тргна кон пристаништето во Сирија

Од:

Руски воен брод исплови денес од пристаништето на Црното Море кон Сирија каде што ќе се приклучи на другите руски воени бродови во очекување на можна евакуација на русите од Сирија.

Неименувани руски официјални лица изјавија дека во тек се подготовки за можна евакуација на руските граѓани во Сирија во случај на пад на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Уште два други руски брода се упатија кон Сирија. Како што пренесуваат руските медиуми, трите бродови ќе учествуваат во воени вежби во кои ќе бидат бродови на три земји.

На почетокот на декември, два руски брода беа во сириското пристаниште Тартус. Базата Тартус, која се наоѓа 220 километри североисточно од Дамаск, беше формирана во согласност со договорот од 1971 година, во времето на Советскиот Сојуз.

Базата има касарна, магацин и околу 50 руски маринци.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица