Транзицискиот период по излезот на Велика Британија од ЕУ не смее да трае повеќе од две години, изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.
– Дали сум нестрплив поради тоа? Да, секако. Дали сакам одложувањето да трае повеќе од две години? Не, ниту секунда повеќе, порача Џонсон.
Тој нагласи дека преодниот период треба да се одвива согласно постоечките договори и ја исклучи опцијата плаќање за приклучување во иднина кон единствениот европски пазар.