Азербејџан во полуфиналето на Европското првенство за одбојкарки

Од:

Женската одбојкарска репрезентација на Азербејџан ја победи денеска селекцијата на Германија со 3:0 во сетови (25-20, 25-18 и 25-21) и со тоа се пласира во полуфиналето на Европското првенство.

Азербејџанските одбојкарки во полуфиналето кое на програмата е утре за противник ќе ја имаат селекцијата на Холандија.

Четвртиот полуфиналист на ЕП што се одржува во Баку, ќе биде познат по денешниот натпревар меѓу Русија и Турција.

Победникот од тој натпревар за место во финалето ќе игра со селекцијата на Србија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ