СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за непотизам, тие го осиромашија населението и ги злоупотребија државните ресурси

Од:

СДСМ испрати писмена реакција на денешната прес-конференција на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зарем ВМРО-ДПМНЕ зборува за непотизам? Никола Груевски едниот братучед го стави за шеф на тајната полиција, другиот братучед за шеф во Царинската управа, кумот за министер за финансии…
ВМРО-ДПМНЕ 11 години континуирано ја ограбуваше државата, го осиромашуваше населението и ги злоупотребуваше државните ресурси. Милионски суми легнаа на нивните сметки, земени од тендери и од провизии.

Функционерите во Владата предводена од СДСМ работат чесно, одговорно и транспарентно. Како и останатите избрани функционери и Драги Рашковски го штити државниот интерес, а огромните суми пари на граѓаните, што се злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ, полека но сигурно, се враќаат во државната каса“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат