Непознат сторител денеска фрли запаллив предмет во канцеларијата на шпанската Цивилна гарда во општината Игуалада во близина на Барселона.
Во настанот нема повредени. Виновниците не се откриени.
Инцидентот се случи откако властите запленија 2,5 милиони избирачки ливчиња за референдумот за независност на Каталонија, закажан v недела, а забранет од официјален Мадрид.
По одлука на шпанското Обвинителство, Цивилната гарда треба да ги конфискува сите пропагандни материјали во врска со референдумот. Шпанските власти уверуваат дека тој нема да се случи, но каталонската локална самоуправа е сигурна дека ќе имареферендум.