Околу 25 отсто од луѓето кои се во брак признаваат дека се уште се заедно само поради децата и оти кога тие ќе пораснат можеби ќе размислат за развод.
Според една британска студија, луѓето кои во брак имаат деца, а сакаат да се разведат, сметаат дека морат да се жртвуваат заради доброто на детето, бидејќи му е потребно да расте со двајца родители, пишува „Дејли Мејл“.
И покрај тоа голем број студии покажуваат дека децата го чувствуваат незадоволство на родителите во брак и таквите одлуки можат да имаат долгорочно лоши последици за нив, као на пример преземање на лошо однесување поврзано со погрешните очекувања понатаму во животот. Колку и да се трудат родителите, децата секогаш ќе ја чувствуваат негативната атмосфера, колку и да се тивки конфликтите, тие секога ќе бидат тука.
Различни измами, емоционално оддалечување и станување како пријател или цимер се некои од главните прични за несреќа во бракот.
Топ десет изговори за останување во лош брак:
– Премногу ќе загубам
– Се грижам дека тоа ќе има лошо влијание врз децата
– Не можам финансиски да си дозволам самостоен живот
– Не можам психички да го поднесам процесот на развод
– Сакам да дадам уште една шанса пред конечната одлука
– Разводот стигматизира
– Не сакам да се разведам заради парите на партнерот
– Се грижам како ќе го средиме старателството врз децата
– Стравувам дека нема да запознам никој друг и дека ќе останам сам(а).
– Има премногу работи кои не врзуваат.