Причините за кризата во еврозоната се уште не се отстранети и владите на држави со финансиски проблеми од валутниот сојуз не треба да ги намалуваат напорите за консолидирање на свооте буџети.
Тоа го изјави шефот на германската Централна банка (Deutsche Bundesbank) Јенс Вајдман во интервју за Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг.
– Уште долго време нема да може да се отстранат сите причини за кризата, вели тој.
Според него, ако политичарите не посакаат повеќе да се борат со кризата и чекаат централната банка да „ги вади костените од оган“, тоа ќе придонесе да се влоши состојбата во европската економија.