Годишна конференција „Форум Еуропаеум“ на ЕПИ

Од:

Институтот за европска политика денеска во Скопје ќе ја одржи годишната конференција Форум Еуропаеум 2017 на тема „Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0 – преиспитување на очекувањата, реалноста и можностите“.

– Целта на конференцијата е да поттикне отворена и конструктивна дискусија помеѓу институционалните и вонинституционалните чинители за моменталната политичка ситуација во Македонија, наведуваат од Институтот.

Според организаторите, на форумот ќе се обратат членови на Советот на ЕПИ како и гости од земјата и странство. Меѓу најавените говорници се вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот шеф на допломатијата и пратеник и актуелен претседател на Националниот совет за евроинтегрции Никола Попоски, Антоанета Димитрова вонреден професор од Универзитетот во Лајден, Адам Феган од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, Јулијана Николова од Центарот за модернизација на политики, Софија и Тобиас Флесенкемпер, виш научен соработник и директор на одделот за проекти на Балканот во европскиот институт ЦИФЕ, Ница.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза