Најмалку 10 лица загинаа, а над 20 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу, објави ДПА.
Меѓу жртвите се патници на комби кое поминувало крај ресторанот за време на експлозијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но се верува дека зад неа стојат исламистите од групата Аш Шабаб.