Мевљут Ујсал избран за нов градоначалник на Истанбул

Од:

По двата неуспешни изборни кругови, на третиот изборен круг кандидатот на владејачката Патрија на правдата и развојот, Мевљут Ујсал беше избран за нов градоначалник на Истанбул.

На првите два изборни кругови немаше апсолутно мнозинство, поради што не можеше да биде именуван нов градоначалник. Откако партиите обезбедија апсолутно мнозинство со 179 гласови за градоначалник беше избран Ујсал, додека пак неговиот противкандидат Екрем Имамоглу освои 128 гласови.

Мевљут Ујсал е роден во 1966 година во провинцијата Алања, во близина на Анталија. До неодамна ја извршуваше својата функција како градоначалник во општината Башакшехир, на чија позиција беше избран во 2014 година. По професија новиот градоначалник на Истанбул е адвокат, кој дипломирал во 1988 година во Истанбулскиот универзитет. Мевљут Ујсал е оженет и е татко на четири деца

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски