Женската одбојкарска селекција на Холандија прва избори пласман во полуфиналето на Европското првенство, чија завршница се одржува во Баку, Азербејџан. Во првото четвртфинале попладнево Холандија на убедлив начин ја совлада Италија со 3-0 во сетови (25:17; 25:20 и 25:13).
За пласман во финалето Холандија ќе игра со победникот од четвртфиналето меѓу домаќинот Азербејџан и Германија што се игра утре.
Во второто четвртфинале денеска од 18:30 часот играат: Србија и Белорусија.
Во последното четвртфинале утре ќе играат Русија и Турција.