Макпетрол на силен карате турнир во Хрватска

Од:

Каратистите на Макпетрол претстојниот викенд ќе настапат на силен интернационален турнир во Риека. На турнирот своето учество го потврдија 1.650 каратисти и каратистки од 26 држави од целиот свет, во повеќе возрасни категории.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека „макпетролци“ подготвени одат на турнирот и додаде дека ова за нив претставува последна проверка пред настапот на Светското првенство, посебно за репрезентативците Петар Заборски, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска, кои во втората половина на октомври треба да заминат за Тенерифе, Шпанија.

– На овој турнир одиме да го постигнеме тоа што го имаме зацртано. Најважно е да успееме да ја темпираме формата на нашите кандидати кои треба да земат учество на Светското младинско првенство кое ќе биде во Тенерифе, Шпанија, и ова секако дека претставува последна шанса тие да се сретнат со претставници на својата возрасна категорија постари јуниори-ки (У21). Турнирите од Светската Премиер карате лига се само за сениори-ки, и од таа причина ние како клуб одлучивме дека нашите спортисти треба да имаат средба и со нивните врсници од младинските состави на 26 држави, изјави Заборски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје